ВИДЕО | Аџиоски: Четири години Струга е еден од најзагадените градови

Четири години зелената коалиција ДУИ – СДСМ ја управува општина Струга. Сите институции, и централни и локални се под капата на ДУИ и СДСМ. Четири години Струга е еден од најзагадените градови не само во Македонија, туку и во рамките на поширокиот регион, изјави денес Мирче Аџиоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ова зад мене се слики од струшката дива депонија. Струга и стружани дишат загаден воздух кој доколку има мерни станици за загаденоста на воздухот нема да можат ниту да го измерат.

Четири години ДУИ и СДСМ не прават ништо за да ја исчистат дивата депонија и да забранат фрлање на смет на таа локација.

Ова се слики од влезот на Струга, кој е буквално исполнет со мали депонии. Ова е сликата која што секој домашен и странски турист ја гледа кога доаѓа во Струга.

Овие диви депонии се наоѓаат во непосредна близина на езерото, и покрај тоа што го загрозуваат здравјето на луѓето и ја загрозуваат и целата непосредна околина, вклучувајќи го и езерото.

Зелената коалиција ДУИ – СДСМ не кажаа ниту збор кога се палеа трските пред езерото, кои се дел од посебниот еко простор пред езерото, и се дом на голем број на птици. На ДУИ и СДСМ не само што не им пречи, туку не се ни погрижија да го најдат сторителот.

Во градовите и во цела Република Македонија каде на власт се зелената коалиција ДУИ – СДСМ Македонија дише загаден воздух, има диви депонии насекаде, и животната средина трпи разни загадувања.

Четири години ДУИ – СДСМ, 4 години зелена коалиција, 4 години Македонија се гуши. Четири години со Заев, 4 години украден живот. Доста е, вели тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот