ВИДЕО: Адеми и Ристовски со „петарда“ до шампионскиот трофеј во Хрватска

Фото: facebook.com/dinamo

Фудбалерите на Динамо Загреб ја освоија четвртата последователна титула шампион на Хрватска откако ја совладаа Риека со 5:1 на гостински терен во мечот од 33. коло во првенството.

Лука Менало ја доведе домашната екипа во водство уште во првата минута, но „модрите“ израмнија со автоголот на Нин Галовиќ во 42 минута до паузата.

Динамо дојде до предност со погодокот на Јосип Мишиќ во 48 минута, а 120 секунди подоцна се зголеми позитивата со уште еден автогол на Лука Капан.

Во понатамошниот период од средбата Мислав Оршиќ го постигна четвртиот гол за гостите во 65 минута, а конечниот резултат го постави третиот автогол на мечот, Андрија Вукчевиќ во 87 минута. Македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски за гостинската екипа настапија во второто полувреме.

Динамо, кој оваа сезона играше четвртфинале во Лигата на Европа, има 78 бода на табелата, 10 повеќе од второпласираниот тим од Осиек, на три кола пред крајот на сезоната, додека Риека на Дарко Велковски е на четвртото место со 52 бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот