ВИДЕО: Адеми и Ристовски нокаутирани од Хари Кејн во Лигата на Европа

epa09068743 Tottenham's Harry Kane (L) in action against Dinamo's Marin Leovac (R) during the UEFA Europa League round of 16, first leg soccer match between Tottenham Hotspur and Dinamo Zagreb in London, Britain, 11 March 2021. EPA-EFE/Neil Hall / POOL

Македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски доживеа пораз од 2:0 со нивниот Динамо Загреб во првиот осминафинален натпревар во Лигата на Европа.
Динамо е поразен од Тотенхен со 2:0, а човек на одлука беше Хари Кејн кој ги постигна и двата гола, првиот во 25., а вториот во 70. минута.
Ристовски го одигра целиот натпревар, додека Адеми беше во првиот тим на Динамо, но беше заменет во 90. минута од Фрањиќ.

Огромен чекор во пласманот во наредната фаза направи Арсенал кој како гостин со 1:3 го совлада Олимпијакос. „Топчиите“ поведоа со голот на Мартин Едегор во 34. минута, а Олимпијакос израмни преку Јусеф Ел Араби во 58. минута. Во последните 10. минути, Арсенал дојде до победата благодарение на головите на Габриел и на Мохамед Елнени.


Сигурен настап на домашен терен имаше Гранада која со 2:0 го совлада Молде. Победата на шпанскиот тим му ја донсеа Хорхе Молина во 26. и Роберто Солдадо во 76. минута.
Најубедливиот триумф го обезбеди Рома која со 3:0 беше подобра од Шахтјор благодарение на головите на Пелегрини, Ел Шарави и Манчини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот