ВИДЕО | Адел го прекина концертот во Минхен: Пејачката пушти пренос од женската трка на Олимписките игри
Позната британска пејачка Адел ги воодушеви обожавателите на својот втор концерт во Минхен во саботата вечерта, кога го прекина концертот за да го проследи полуфиналето и финалето на женската трка на 100 метри на Олимписките игри заедно со илјадната публика.
Видеата споделени на социјалните мрежи покажаа дека Адел го прекинала концертот за го пушти преност на Олимписките игри на големите екрани на сцената. Полуфиналето се пренесуваше на преполниот стадион, а финалето беше прикажано неколку часа подоцна, во живо од Париз.
„Адел го прекина концертот за да ја гледа Шакари Ричардсон како се натпреварува во женското финале на 100 метри на Олимпијадата“, напиша една обожавателка на Икс.
Adele stops her show to watch Sha’Carri Richardson in the 100m Women’s Final at the Olympics! #AdeleInMunich https://t.co/ilgypxxfuC
— . (@adelesremedyy) August 3, 2024
Инаку, во финалето златото го освои Џулиен Алфред од Сент Лусија, Американката Шакари Ричардсон го освои сребрениот медал, а нејзината сонародничка Мелиса Џеферсон ја освои бронзата.
Адел цел месец ќе настапува во Минхен и ќе одржи 10 концерти во специјално адаптирана арена со капацитет од 80.000 луѓе. Првиот концерт го имаше во петокот, а мораше и да го прекине за да ѝ помогнат да го соблече делот од фустанот кој 1 беше влажен од силниот дожд, а до крајот на август ќе одржува два концерта неделно.
@aynah_adelevibes She really said we are not missing this, and I like her for it😭💅🏽💅🏽💅🏽 3rd August,2024 #Olympics #2024Olympics #adelelive #adeleinmunich #adele #adeleaccess #adeleadkins #germany🇩🇪 #munich #explorepage✨ #concert #Adeleworld #adelerollinginthedeep #adelesetfiretotherain ♬ original sound – ADELE21❤🪐
ВИДЕО | Адел им викаше на холандските навивачи на трибините да „замолчат“, видеото стана вирално