ВИДЕО | Адамчевски: Западот, а не Украина вели дека Русија треба да се победи до крај

Мирче Адамчевски, новинар и аналитичар
Мирче Адамчевски, новинар и аналитичар / Утрински брифинг

Во изминатите неколку дена беше тензично во Русија каде што 9 мај, Денот на победа над фашизмот редовно се прославува со воена парада. Годинешнава парада беше поскромна, странски гости немаше, а имаше коментари дека Москва го присвојува празникот со оглед на тоа што Украина даде големи жртви за време на Втората светска војна.

-Од целиот Советски Сојуз загинаа милиони луѓе и не треба да се присвојува денот на одбележувањето од ниедна држава, вели Мирче Адамчевски, новинар и аналитичар, за Утрински брифинг.

Тој вели дека не очекувал оти Русија вчера ќе ѝ објави војна на Украина затоа што сѐ уште очекуваат дека со воена операција ќе си ја постигнат целта. Адамчевски претпоставува дека сегашниот план на Русија е да се освои Одеса и на тој начин да се отвори патот кон Молдавија.

-Мене повеќе ме загрижува како ќе се развива ситуацијата понатаму. Вчера Русите зазедоа едно мало гратче во Доњецк и веројатно сакаат да го опколат местото каде што Украинците со години имаат упориште. Од друга страна, Украинците сметаат дека токму тие утврдени сили можат да направат пробив и да ѝ ги вратат на Украина Доњецк и Луганск, вели Адамчевски.

Украинското општество е многу поделено, коментира Адамчевски, а особено во Донбас каде што има големо руско малцинство.

-Следејќи го развојот на настаните, имав впечаток дека Западот очекуваше Путин вчера да ѝ објави војна на Украина иако за мене тоа беше неверојатно. Путин имаше умерен говор, не отстапи од своите позиции, но ја пресврте темата дека војна не се води против Украина по себе туку против Украина како пион на САД, вели Адамчевски.

За да се води војна треба да се имаат ресурси, а најголемиот ресурс на Русија е атомското оружје, вели Адамчевски, но според него Русија нема да го употреби.

Проследете го целиот разговор во видеото

 

 

Видео на денот