ВИДЕО: Абрамович има нова играчка вредна 500 милиони евра

EPA/KERIM OKTEN

Сопственикот на Челси, Роман Абрамович додаде уште една „играчка“ вредна 500 милиони евра во својата колекција.
Станува збор за јахтата „Соларис“ која е осма јахта во неговата колекција.
Изградбата на „Соларис“ почна да се гради пред три години, а дури сега речиси е завршена и во најскоро време ќе му биде испорачана на Абрамович.
Станува збор за јахта долга 140 метри и тешка 11.000 тони.

За нејзината големина доволно говори податокот дека јахтата Соларис е поголема од Бакимгемнската палата. Има 48 кабини, осум палуби, капацитет е 36 патници, а вработениот персонал ќе изнесува најмалку 60 лица вклучувајќи ги и капетаните. Покрај тоа, на јахтата ќе има и хелиодром, базен, џакузи, спа…

принтскрин/јутјуб

Интересно е што Абрамович една од своите јахти која е проценета на 25 милиони евра, во 2002 година му ја има подарено на рускиот претседател Владимир Путин.

До појавувањето на јахтата „Соларис“, најголема јахта во колекцијата на Роман Абрамович е „Еклипс“ чија изградба чинеше 450 милиони фунти. Со дополнителните подобрувања, поправки и промени на „Еклипс“, нејзината вредност се проценува на неверојатни милијарди евра.
„Еклипс“ има само 24 кабини за гости, два базени, џакузи, сауна и ноќен клуб, а јахтата има и сопствен систем за заштита од проектили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот