ВИДЕО: Aбрахам во финишот ја расплака храбрата Звезда, Јувентус ја продолжи кризата на Манчестер сити
Фудбалерите на Милан со голот на Абрахам во 88. минута славеа победа над Милан со 2:1 во натпревар во кој белградскиот гигант беше рамноправен противник речиси во текот на целиот натпревар.
Вечерва Звезда има за што да жали бидејќи не заслужи да загуби, но на крајот остна без голови.
Милан прв дојде до водство со голот на Леао и со еден гол предност замина на паузата. Гостите од Белград израмнија во 67. минута со погодокот на Радоњиќ кој претходно влезе во игра.
Се мачеше Милан со создавањето шанси, меѓтоа на крајот Абрахам погоди за три бода на „росонерите“. ВАР го прегледуваше погодокот и изгледаше дека може да се досуди прекршок, но на крајот остана да важи.
Во дербито на вечерта Јувентус ја продолжи кризата на Манчестер сити славејќи победа со 2:0. Манчестер сити не покажа многу и во овој натпревар, „граѓаните“ ретко создаваа прилики за гол, па на крајот мораа да се помират со поразот.
Головите за Јувенту ги пстигнаа Душан Влаховиќ и Вестон Мекени во второто полувреме.
Во останатите натпревари Арсенал со 3:0 беше подобар од Монако, Барселона на гости во Германија славеше над Борусија Дортмунд со 3:2, Фејенорд дома ја доби Спарта со 4:2, Штутгарт запиша убедлива победа над Јанг Бојс од 5:1, а немаше голови единствено на средбата помеѓу Бенфика и Болоња.