ВИДЕО: А имаше лошо претчувство, возачот на „Дукати“ Мартин пренесен во болница!

Фото: EPA-EFE/JOSE SENA GOULAO

Шпанецот Хорхе Мартин доживеа несреќа на МотоГП тренингот за Големата награда на Португалија…

Тој излета од патеката на излезот од седмиот свиок, падна од моторот и се преврте.

Црвеното светло веднаш беше вклучено, а возачот во свесна состојба со хеликоптер беше пренесен во болница.

Мартин се пожали во петокот за нестабилноста на неговиот „Дукати“.

– Апсолутно не очекувавме дека ќе биде во таква положба, штом започна тренингот, почувствував многу движења на моторот. Беше навистина опасно и бев исплашен во тие моменти – рече Мартин во петокот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот