ВИДЕО | 67 години во брак: Средба на брачна двојка во дом за стари лица по една година разделба

youtube/printscreen
youtube/printscreen

Мери и Гордон се во брак 67 години, но во последните месеци биле разделени.

Мери Дејвис (89) од Англија не го видела својот сопруг Гордон (89) скоро цела година, кој претходно бил во дом за стари и изнемоштени лица. Во февруари оваа година, Мери заминала во друг дом и конечно, овој месец, пристигнал и Гордон во истиот дом.

Вработените во домот ја снимиле нивната средба по долгата разделба, која никого не остава рамнодушен.

„Тоа беше прекрасно. Толку е убаво што би посакале да го гледате повторно секој ден. Кога тој замина, не можев да ги запрам солзите, но сега сме повторно заедно“, изјавила Мери, која сега повторно ќе ја дели соба со својот животен партнер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот