ВИДЕО | 30-годишна Македонка загина кај Солун, три сопатнички во автомобилот се повредени

Триесетгодишна девојка од Македонија загина во сообраќајна несреќа во близина на Солун денеска, а три други девојки се повредени, известија грчките медиуми. Дел од македонските медиуми објавуваат дека станувало збор за битолчанки кои патувале за Солун.

Тие објавија видео снимка од автомобилот кој е во катастрофална состојба на следниот линк.

Несреќата се случила околу пладне, неколку километри по излезот  Ниселио во правец на Солун. Се судриле неколку автомобили, има повеќе повредени лица и почината жена од Македонија.

Повредените биле пренесени во болница. Една од нив, 27 годишна жена во тешка состојба била веднаш земена за операција, а 25 годишна жена е надвор од животна опасност.

Повреден бил и 74 годишен маж кој го возел вториот автомобил што учествувал во судирот.

Дополнително, една жена била интубиирана од спасувачите на местото на несреќата и веднаш била префрлена во болница во Солун, бидејќи нејзината состојба била многу тешка.

За извлекување на три лица од автомобилот, од Противпожарната служба на Грција интервенирале со пет пожарникари и две возила, а повредените биле преземени од возило на брзата помош.

Поради сообраќајната несреќа околу еден час беше затворен делот од автопатот кон Солун, каде што се случи несреќата, а причините засега се непознати.

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, ДКП на Северна Македонија во Грција се во комуникација со семејствата за пружање на секаков вид помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот