ВИДЕО | 200.000 долари за најдобриот дизајнер: Џиџи Хадид дел од популарното модно шоу на Нетфликс

Американскиот топ-модел и ријалити ѕвезда Џиџи Хадид потпиша договор со Нетфликс. Џиџи ќе биде водителка во втората сезона на популарното шоу на Нетфликс – „Next in Fashion“.
View this post on Instagram
Станува збор за модно шоу во кое група талентирани дизајнери се натпреваруваат за главната награда од 200.000 долари. Преку шоуто добиваат можност за самопромоција, како и за споделување на нивните модни дизајни со светот.
„Next in Fashion“ на Нетфликс пристигнува на 3 март, а трејлерот исто така ја здогледа светлината на денот.
View this post on Instagram
„Еј, еј, драга. Никој овде не те повикал поради манекенство“ – ѝ вели во трејлерот нејзиниот колеги и ко-водител Тан Франс на Џиџи, по што додава: „Имаш вистинска работа за работење“.
Во кратките сцени, може да ја видиме Џиџи како разговара со модните дизајнери кои се натпреваруваат за наградата, но и како се труди да ги опушти со констатацијата дека модата пред сѐ треба да биде забавна. Исто така, може да ја видиме Џиџи во легендарниот црвен тесен комбинезон на Версаче со волуменозно палто, кој го носеше на Мет Гала во 2022 година.
ФОТО | Кич, невкусна голотија… Погледнете ги најголемите модни промашувања во 2022
ФОТО | Каде има чад, таму има и оган: Први фотографии од новиот пар Дикаприо и Џиџи
ФОТО | Камила Мороне „уловена“ на плажа: Девојката на Дикаприо е природна убавица