ВИДЕО | 20-годишен јутјубер им купил куќа на родителите: Погледнете ги реакциите

Адам Билс
Адам Билс и неговото семејство / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Адам Билс попознат како Адам Б., е еден од најпознатите јутјубери во Ирска. Тој има повеќе од 3 милиони следбеници на таа платформа, а со заработката од објавите на својот јутјуб-канал им купил куќа на своите родители во јануари 2020 година.

Неговите родители, пак, поради ограничувањата поради пандемијата на коронавирусот, не можеле да се вселат веднаш, туку морале да почекаат неколку месеци.  Тогаш 20-годишниот Адам го направил ова видео, во кое се гледа како ги носи своите родители и братот со превез преку очи, во куќата за која мислеле дека е всушност негова.

На почетокот на видеото, Адам признава дека прави сè во животот за родителите да се гордеат со него и им се заблагодари на своите следбеници.

„Јутјуб ми отвори многу врати. Јас сум тука каде што сум поради вас. Вие ги гледате моите видеа, ви се допаѓаат, ги споделувате, ме поддржувате на сите можни начини. И затоа сакам да ви се заблагодарам бидејќи без вас ништо од ова не би било возможно. Буквално ништо“, порача тој.

Адам признал дека неговите родители веќе некое време барале нова куќа бидејќи сакале промена и дека оваа им паднала во очи. Кога дознале дека нивниот син им ја купил куќата, мајката почнала да плаче, додека таткото и помалиот брат останале без зборови. За големото неверување и шок придонел и фактот што Адам често правеше видеа на кои се шегува со членовите од своето семејство.

Покрај неговите родители, пријатно изненадени биле и следбениците на Адам.

„Мислам дека е сон на секое дете да им приушти вакво нешто на своите родители. Се расплакав како да сум таму со вас, секоја чест!“, „Син со добро срце секогаш мисли на своите родители“, „Ти направи голема работа. Ви посакувам многу години среќа во вашиот нов дом“, се дел од коментарите под видеото.

Погледнете го целото видео:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот