ВИДЕО: 18-годишен „ТикТок-ер“ правел трик со камионет и загинал во ужасна несреќа

тикток 18 години
ФОТО: Принтскрин/ТикТок

Корисник на мрежата „ТикТок“, познат како „Timbo the Redneck“ со 200 000 следбеници, чие вистинско име е Тимоти Хол(18) починал во саботата кога се обидувал да изведе трик со камионет во дворот на пријател, вели член на семејството по име Тони во видео.

@timbotheredneckUpdate on the truck##fyp##viral##TheChallengeAllStars##DSWCutLoose##DSWCutLoose ##oldsouthapparel ##livingsouthern♬ original sound – Timothy

Тој го возел камионетот во прецизен круг постојано покачувајќи ја брзината.

 

„Јас дури и не знам како да почнам. Тој правеше трик со својата девојка, а камионетот само се преврте, тој излета од прозорецот на возачката страна, а камионот слета врз него“.

Мајката на Хол ја потврди смртта на нејзиниот син во видеото на „ТикТок“ споделено на неговиот профил.

„Тој нема да снима повеќе видеа. Мојот син вчера имаше тешка несреќа и не преживеа. Сакам да им се заблагодарам на сите негови обожаватели. Тој го сакаше „ТикТок“ и и ги ценеше сите што го поддржуваа. Често не ме слушаше, велеше: Морам да го направам ова за „ТикТок“!“

@timbotheredneck♬ original sound – Timothy

„Моето срце е скршено“, додаде таа.

Извор: „People“

Видео на денот