Видал: Клуб кој сака да биде најдобар на светот не може да има 13 професионалци!

фото: твитер

Се шпекулира дека еден од играчите кој сигурно ќе ја напушти Барселона ова лето е Артуро Видал. Чилеанеанскиот интернационалец не е во плановите на новиот тренер на каталонската екипа, Роналд Куман.

Видал кој пред две години дојде од Баерн е соочен со ваквата намера од првите луѓе на „Камп Ноу“, по што имаше и свој коментар околу сегашната ситуација во Барса.

Фудбалот многу се разви, ДНК застари, а другите екипи станаа подобри во однос на силата и брзината. Барселона има многу што да промени.

Клуб кој мисли да биде најдобар во светот не може да има 13 професионалци, а останатите да бидат млади играчи. Не затоа што тие не заслужуваат да бидат таму, но мора да го имате најдобриот натпреварувачки тим.

Ла Лига застана на страната на Барселона: Договорот на Меси е важечки

На секој тим му требаат 23 играчи да се борат за своето место, да растат и да се подобруваат секој ден. Доколку мислите дека ДНК може да ве направи вечни победници, многу грешите.

Има многу добри играчи, ние го имаме Меси кој е странец и број еден, но му треба помош. Играчи кои го подобруваат тимот воедно даваат подобри резултати – се зборовите на Видал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот