Вицешампионот од 2015 загина на традиционалното рели „Дакар“

фото: твитер

Пауло Гончалвеш (40) го загуби животот денеска откако доживеа несреќа во текот на седмата етапа на „Дакар 2020“ релито, што се вози во Саудиска Арабија.

Португалскиот возач мотоциклист имаше несреќа на 276. километри седмата етапа на релито која се возеше помеѓу главниот саудиски главен град Ријад и местото Вади ал-Давасир, потврдија организаторите.

Гончалвеш на местото на несреќата беше пронајден во состојба на загубена свест, а престана да му чука и срцето.

Со хеликоптер итно беше префрлен во болницата „Лајла“, каде што беше потврдена неговата смрт.

Пред седмата етапа во Саудиска Арабија, Гончалвеш се наоѓаше на 46. место во генералниот пласман.

Ова беше негово 13 учество во традиционалното рели, а најдобар пласман имаше во 2015. година кога го освои второто место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот