Вицепремиерот Димитров во посета на Литванија

Никола Димитров / фото: МИА

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска ја продолжува балтичката турнеја со посета на Литванија.

Димитров, како што е најавено, ќе биде примен од премиерката на Литванија Ингрида Шимоните, како и од министерот за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис, а ќе се сретне и со Радвиле Моркунаите-Микулениене, заменик спикерка и претседателка на Комисијата за европски прашања во литванскиот Парламент (Seimas).

Вицепремиерот Димитров на средбите со своите соговорници ќе ги разгледа и областите за зајакнување на билатералната соработка за успешно спроведување на европските реформи преку конкретна техничка поддршка, како и продлабочување на регионалната соработка во областите од заемен интерес, изнаоѓање одговор на актуелните глобални безбедносни предизвици и интензивирање на економската и трговска размена.

Димитров вчера во Рига ја почна балтичката турнеја со средби во Парламентот на Летонија. На состанокот со претседателот на Комитетот за надворешни работи на Парламентот, Рихардс Колс и претседателката на Комитетот за европски прашања, Анда Вита Терауда, беше реафирмирана и поддршката од страна на летонските пратеници Северна Македонија да ги отпочне пристапните преговори со Унијата.

Од летонска страна, како што соопшти СЕП, пратениците честитаа на НАТО членството и потенцираа дека секое понатамошно одложување на пристапните преговори со Северна Македонија испраќа деморализирачки сигнал до земјите од Западниот Балкан, до сите оние земји кои решително ги спроведуваат демократските реформи со крајна цел влез во ЕУ.

Балтичката турнеја на Димитров ќе биде заокружена со посета на Естонија на почетокот на мај. Таа е продолжение на серијата посети на Димитров во главни градови на ЕУ земји членки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот