Вицепремиерот Битиќи се сретна со романската амбасадорка Аксинте: Eкономската соработка да се продлабочи

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, оствари средба со новоименуваната амбасадорка на Романија, Адела Монија Аксинте, со која разговараа за евро-интегративниот процес на Република Северна Македонија и потенцијалната економска соработка помеѓу двете земји, информираа од кабинетот на Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи ѝ честиташе на Аксинте за новата позиција, посакувајќи ѝ успех, а изрази очекување за продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји, но и поддршка од Романија, како една од поновите членки во ЕУ, за споделување на искуства особено во економската интеграција кон ЕУ.

Амбасадорката Аксинте потсети дека во оваа година 20-та годишнина од воспоставувањето на билатералните односи помеѓу Северна Македонија и Романија, а нагласи дека на врвот од приоритетите во текот на нејзиниот мандат ќе биде токму продлабочување на економските односи. Таа додаде дека Северна Македонија може да очекува целосна поддршка во евроинтеграцискиот процес од Романија, во секој можен аспект.

Вицепремиерот посочи дека постои голем потенцијал за унапредување на соработката, потенцирајќи неколку сектори, како што се евентуални инвестиции во производстото од романски компании во земјата, но и можно учество на фирми од оваа земја во реализација на проекти од инфраструктурата, енергетиката, земјоделството.

Владата на Република Северна Македнија креира целосна предвидливост, посочи вицепремиерот и додаде дека се креираат квалитетни економски политики за директна поддршка на инвеститорите, особено високо технолошките и извозно ориентирани компании, но и се унапредуваат царинските и даночни политики, со што целосно се влијае на попозитивна деловна клима во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот