Вицеканцеларот Шолц: Нема сомнеж дека труењето на Навални е брутален, убиствен напад

Германскиот вицеканцелар Олаф Шолц денеска изјави дека наводното труење на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални со нервниот агенс Новичок претставува обид за убиство.

– Тоа е брутален, убиствен напад. Од наша гладна точка во тоа нема сомнеж, истакна Шолц.

Тој тврди дека неколку меѓународни организации дошле до истот заклучок како и истражувањето спроведено во Германија и ја повика Русија да соработува во истрагата.

Германскиот вицеканцелар Олаф Шолц

 

– И секако, Европа ќе мора со заеднички сили да одлучи за адекватен одговор, посочи Шолц.

Германската Влада претходно соопшти дека тестирањата во Германија, Франција и во Шведска покажаа дека Навални е отруен со Новичок и побара официјално објаснување од Кремљ.

Москва негираше каква било поврзаност со случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот