Виц на денот – Вишок килограми

Виц на денот
Виц на денот / Фото: Архива на „Слободен печат“

Не е лесно да се биде плавуша. Доказ за тоа е и оваа чисто направена логика за вишокот килограми. Еве како се дебелее плавуша:

Никако, ама баш никако немојте да ја миете косата додека сте под туш! Се работи за тоа што шампонот се лизга по вашето тело кога ја плакнете косата! Стварно не знам како не се сетив порано!

Користев шампон за коса на кој многу јасно пишува “за поголем волумен”. Не е ни чудо што моето тело започна да се шири во секоја можна смисла.

И што сега? Решив да го фрлам тој шампон и да започнам да се туширам со течност за перење садови.

На неговата налепница јасно пишува „ги растопува мастите кои инаку е многу тешко да се отстранат.”

Сега за сега, проблемот е решен!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот