Виц на денот: Попска желба

Виц на денот
Виц на денот / Фото: Архива на „Слободен печат“

Фаќа поп златна рипка и оваа му вика:
– Ако ме пуштиш ќе ти исполнам 2 желби!
– Првата желба ми е: да не бидам повеќе поп!
Во истиот момент рипката му ја зема мантијата и Библијата, ги фрла во вода, и му вика:
– Добро, не си веќе поп. Која е втората желба?
– Сакам да имам скап џип, многу пари, ништо да не работам, само да уживам…
Рипката, ги зема мантијата и Библијата, му ги враќа и му вика:
– Абе ти, се зезаш ли со мене!?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот