Виц на денот – Натприродни способности

Виц на денот
Виц на денот / Фото: Архива на „Слободен печат“

Си иде Блажо од работа, поминуе покрај на Пер’то собата, и слуша како Пер’то се моле:

-Господе, благослови и мама, тато и баба, збогум дедо…

Блажо си помислил дека е чудна молитва, ама брзо заборавил на тоа…

Утрето деото умира…

После 2-3 месеци, Пер’то па се моле:

-Господе, благослови и мама и тато, збогум бабо…

Утрето сабајле, и бабата умира…

Блажо се загрижил оти видел дека Пер’то има натприродни способности…

После една недела, Блажо го слуша Пер’то се моле:

-Господе, благослови а мама, збогум тате…

Блажо каа го чул тоа, за малку шлог че го ударело…

Отишол на работ’та, се заклучил у канцелријата, никој не примал, и се заропал ракија…

Каа поминала ден’та, и каа видел дека преживеал, се враќа дома, и и вика на Мара:

-Леле Мариче колку страшна ден сум имал…

-Ти страшна ден си имал, морее мене Нацо поштарот на врат’та ми умре бре…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот