Вицепремиерот Николовски го доби судскиот спор со поранешниот функционер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Делев

Љупчо Николовски / Фото: Рики Пејковски - Слободен печат.

Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, го доби судскиот со поранешниот функционер на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Делев.

Основниот граѓански суд Скопје, утврди дека Николовски не го наклеветил Делев и не постапувал злонамерно кон личноста на тужителот Делев. Во судската постапка, е утврдено дека Делев не успеал да ја докаже автентичноста на сите изјави изнесени од Николовски, кои се предмет на тужбеното барање, бидејќи за истите нема релевантни докази како аудио, видео-снимка или транскрипт.

Судот утврди дека Николовски, преку своите прес-конференции во улога на дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, ја вршел својата службена должност и вршел проверка на сомнежите во незаконитоста на работењето на Христијан Делев, во периодот кога тој бил заменик- министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во Владата на ВМРО ДПМНЕ.

Инаку, спорот се однесува за изнесени наводи од страна на Николовски во периодот на извршување на функцијата дополнителен заменик- министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, а во врска со инволвираноста на Делев во постапките за продажбата на млекарницата „Сведмилк“, ослободување од плаќање на закупнина за „АД Вардар –Градско“ и за „АК Џумјалија“.

Основниот граѓански суд, ги одби како неосновани наводите на Делев за клевета, а Апелациониот суд ја потврди првостпената пресуда на основниот граѓански суд Скопје, со која судот го одби како несоновано тужбеното барање на тужителот Делев, за утврдување на граѓански одговорност за клевета. Врз основа на оваа пресуда, Делев е задолжен да ги надомести трошоците во судската постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот