Виц на денот: Компромис

Виц на денот
Виц на денот / Фото: Архива на „Слободен печат“

Си дошол полицаец дома, и што да види – неговата жена гола во креветот. Тој врескајќи ѝ се обраќа:
– Жено, зборувај каде е, ќе ве убијам и двајцата!
А, жената повторува дека нема никој дома.
Полицаецот влегува во едната соба, нема никој, потоа во другата, нема никој, погледнува во орманот, пак нема никој. Се наведнува, погледнува под креветот, а љубовникот му пружа 50 евра. Мажот ги зема 50 евра и вели:
– Ех да му се сневиди, го нема ни под креветот.

Видео на денот