ВИБЕР ГРУПА од 7 илјади членови „кодошеле“ за радари, па полицијата ги фати (ВИДЕО)

Косовската полиција во вторникот уапси две лица, како осомничени дека создале група во апликацијата Вибер, а во неа биле членови повеќе од 7.000 луѓе, кои разменувале информации за локациите на полициските патроли.

-Единицата за истраги приведе две лица од албанска националност. Од осомничените биле конфискувани два смарт телефони, а по наредба на обвинителот, по интервјуирањето, тие биле ослободени во редовна процедура, се вели во 24-часовниот извештај на Косовската полиција, јавува Радио слободна Европа.

По полициската акција, Вибер групата повеќе не функционира. Нејзините членови меѓу себе се информирале за полициските радарски контроли како и други полициски контроли и преку фотографии. Пред неколку недели Радио слободна Европа известуваше за функционирањето на ова група веќе подолго време. За истата група беше информирана и косовската полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот