Ви се стесни облеката со перењето? Трик како да ја вратите во првобитното издание (ВИДЕО)

На сите ни се случило некои парчиња од омилената облека да се соберат при перењето. Доволно е облеката да се поостави на премногу висока температура и да се уништи засекогаш. Чувствителните материјали се повеќе изложени на оштетување при перењето, но тоа може да биде случај со секоја ткаенина.

Постојат повеќе совети на Интернет, кои објаснуваат како да се справиме со последиците од собирањето на облеката. Но, еден метод привлече особено внимание.

Се што ви треба е: Шампон за бебиња или балсам за коса и топла вода.

Ваквиот метод можеби нема да помогне за сите видови ткаенини, но сепак ќе можете да спасите неколку парчиња.

Постапка:

  • Ставете во сад топла вода (никако врела) и малку шампон за бебиња;
  • Ставете ја облеката во течноста за да се впие добро;
  • Исцедете ја нежно и поставете ја на голем пешкир;
  • Замотајте го пешкирот за да го впие вишокот вода од облеката, а потоа испружете ја;
  • Внимателно повлечете ги краевите на облеката, додека не се врати во првобитната големина;
  • Доколку е потребно, повторете ја постапката.

Ова е кратко видео за враќање на панталоните во првобитниот изглед, откако биле поставени во машина за перење на висока температура

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот