Ви се случува и на вас? Честа појава по сексот која (најчесто) не треба да ве загрижува!

Доколку понекогаш после сексот плачете, не сте осамени и тие солзи се сосема нормални.

Солзите по сексот можат да бидат среќни солзи, солзи од олеснување или најобична физичка реакција која се случува во одреден момент и не е никаква причина за загриженост.

Плачењето по сексот е познато и како посткоитална дисфорија, а може да вклучува солзи, тага и раздразливост по сексуалниот однос, дури и кога тој е идеален. Таа појава може да му се случи на секого без оглед на полот, сексуалната ориентација и задоволството во врската.

За оваа состојба не се спроведени доволно истражувања, меѓутоа одредени бројки постојат.

Истражувачите, меѓу останатото во 2015 година испитале 230 хетеросексуални жени и откриле дека повеќето од нив плачеле по односот.

Во 2018 година е спроведено истражување во кое учествувале 1208 мажи кои пополниле анонимна анкета – 41 процент од нив искусиле посткоитална дисфорија, а четири проценти кажале дека таа за нив е вообичаена.

Некои од причините кои можат да доведат до солзи за време или по сексот се:

– Среќа
– Преплавеност од емоции
– Биолошки причини
– Болка
– Анксиозност
– Срам/вина
– Збунетост
– Депресија
– Траума од минатото
– Проблем со хормоните

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот