Ви се појави мувла во домот? Без паника, еве како сами да направите природно средство против мувла!

профимедиа

Кога еднаш ќе се појави влага во домот и ќе предизвика мувла, особено ако станува збор за влажно опкружување како бањата, многу е тешко да се искорени. А, тоа воопшто не е добро бидејќи мувлата може да предизвика здравствени проблеми.

Влагата и мувлата се многу честа и непријатна појава во домот. Иако постојат различни средства за средување на овој проблем, може да се обидете и со овој домашен рецепт ефикасен за нејзино искоренување.

Фото: Профимедиа

Еве што е потребно:

– шолја дестилирана вода

– шолја вотка или ракија

– 10 капки етерично масло од чајно дрво

– 10 капки етерично масло од еукалиптус

– 10 капки етерично масло од лаванда

Измешајте ги сите состојки и ставете ја смесата во шишенце со механизам за прскање и добро напрскајте го местото зафатено со мувла.

Проблемот ќе биде решен!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот