Ви отекуваат нозете? Без грижа, овој напиток ќе ви помогне да ги отстраните отоците! - Слободен печат
ЗдравјеМагазин

Ви отекуваат нозете? Без грижа, овој напиток ќе ви помогне да ги отстраните отоците!

Топлината може да биде погубна за нозете, бидејќи предизвикува отекување. Но, без грижа, овој сосема природен напиток, ќе го реши вашиот проблем.

За да го спречите отекувањето на нозете во топлите денови, треба листовите од нозете да ги туширате со ладна вода, избегнувајте да ги прекрстувате нозете, не стојте долго во место, а можете да направите и природен напиток кој многу ќе ви помогне.

Топлината може да биде погубна за нозете, бидејќи предизвикува отекување. Уште ако патувате или долго седите, ваквите проблеми се речиси неминовни.

Овој природен напиток ќе ви помогне да ги отстраните отоците.

Исецкајте листови магдонос и прелијте ги со 4 дл вода, поклопете и оставете ја смесата преку ноќ да отстои. Наутро процедете ја течноста и додадете сок од еден лимон и напитокот е готов. Овој напиток потребно е да го пиете три пати на ден, поделете ја смесата на три еднакви делови.

Можете да пробате и со други рецепти. Во литар вода додадете четири лажици ленено семе и ставете ги на оган да се варат 15 минути, поклопете и оставете да отстојат на топло место еден час, па додадете сок од лимон. Пијте го овој напиток на секој половина час се додека не го испиете. Постапката повторувајте ја десетина дена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close