Ви ја откриваме тајната на сараевскиот ќебап: Рецептот ќе го пренесувате на генерации

Фото: Профимедиа

Сараевските ќебапи станаа препознатлив бренд во целиот свет и долго се чуваше тајната како се прават, а сега јавно е изнесено како се прават традиционалните сараевски ќебапи, оние чаршиските ќебапи по кои е препознатливо Сараево.

Вистинските ќебапи се прават од месо и зачини, не се додаваат во нив јајца, леб, презла и други додатоци.

Еве го рецептот како сами да ја направите смесата за ќебапи како вистински ќебапчија.

Поентата е во доброто месо, начинот на приготвивањето и смесата да отстои. Се што ви е потребно за вистински ќебапи е 1,5 кг мелено јуншко месо, 0,5 кг јагнешко мелено јагнешко месо, 4-5 чешниња лук, за еден ќебап е потребно да се земе 2 отсто од вкупната количина месо, сол и 2 мали лажици сода бикарбона.

Начин на подготовка:
Месото исечено  на мали коцки добро посолете го, измешајте го и прелијте го со околу 100 мл вода и лукот кој порано сте го провариле. Смесата измешајте ја и оставете ја да отстои преку ноќ во ладилникот. Утредента смесата измелете ја во машината за месо двапати, оставте ја да стои неколку часа на собна температура, а потоа ставете ја во ладилникот. Пред да почнете да ги обликувате ќебапите, во смесата вмешајте ја сода бикарбоната и тоа е тоа. Не заборавајте го и сомунот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот