Ви го претставуваме виното КАБЕРНЕ СОВИЊОН 2019 (Cabernet Sauvignon 2019) од Стоби

Ова вино има интензивно црвено-виолетова боја со избалансирана танинска структура. Нагласена нота на црвена пиперка и овошни ароми на цреша во позадина. Постојан и целосно заокружен вкус во устата со долготраен финиш. Најдобро е да се служи на 15-18°C со дивеч, црвено месо, печено свинско, пршута, зрело сирење и печено јагнешко.

Бербата е од сопствени плантажи.

Вински Ноти
Боја: интензивна рубин црвена боја
Ароми: изразита овошна арома со ноти на црвени бобинки, црвена пиперка и цреша
Вкус: полн вкус збогатен со пријатна свежина и зачинетост, екстрактивен и со нежни танини
Винарска белешка: текстурата на Стоби Каберне Совињон се одликува со кадифени танини и долг хармоничен завршеток со извонреден послевкус

Комбинација со храна: се препорачува да се консумира во комбинација со срнешко месо, печено свинско, шунка, сирење, и печено јагнешко
Служење: препорачуваме служење на температура од 15-18°C

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот