Ви го претставуваме виното „Акација 2018“ (Private Reserve) од „Стоби“

„Акација 2018“ (Private Reserve) од „Стоби“ е елегантно шардоне, кое во себе ги носи светлината и топлината на долгото македонско лето, има златножолт сјај, комплексна арома со мирис на јужно овошје, праска карамел и свежо печен леб. Созреано во дабови буриња и багремови бочви. Берба на сопствени плантажи.

Вид: суво бело вино

Берба: 2018

Регион, држава: Тиквеш, Македонија

Сорти: 100% Шардоне

Апелација: Тиквешки вински регион

Техники на производство: Гроздовите се берат и се сортираат рачно во пластични буриња од 25 кг. Следува директно мелење на грозјето, со мацерација на лушпата, во услови на класична статична седиментација. Првата половина од ферментацијата се одвива во танкови од не`рѓосувачки челик, додека пак втората половина се одвива во дабови бочви од 225 литри и дабови буриња од 1000 литри, при контролирана температура, во времетраење од 10 до 14 дена. Малолактична ферментација и батонаж на гроздовиот талог после алкохолната ферментација. Стареењето во вински подрум трае 9 месеци.

Годишно производство: 7000 литри

Стареење: дабови бочви и буриња од акација

Боја: златно сламеста боја

Ароми: зрела круша, ноти на мед и ванила, печен леб

Вкус: полн вкус, со долг и впечатлив завршеток

Винарска белешка: Шардоне со интензивен вкус на разиграни и комплексни ароми. Се одликува со полно тело и долг завршеток.

Алкохол: 14,45% вол.

Вкупни киселини: 5,0 г./л.

Испарлива киселина: 0,59 г./л.

Шеќери: 1 г./л.

Спецификации за регионот

Дождови: 150-300 л./м2

Сончеви денови/часови во годината: 120-150 дена во вегетациски период

Старост на виното: 12 години

Производство (литри/хектари): 6000 л./х.

Комбинација со храна/служење

Комбинација со храна: се препорачува да се консумира во комбинација со риба, тестенини или бело месо

Служење: препорачуваме служење на температура од 8-10°C

(комерцијален текст)

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот