„Везилка“, ново здружение на Македонци во Чешка

Фото: Драган Митрески

Во македонската амбасада во Прага денеска свечено ќе биде промовирано здружението на Македонците во Чешка, „Везилка”.

На настанот ќе присуствува министерот во Владата на Македонија задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, како и директорот на Агенцијата за иселеништво Никола Шалваринов.

Министерот Адеми за време на посетата ќе разговара со македонските иселеници во Чешка. Тие ќе имаат можност да го информираат министерот за нивниот престој во државата, очекувањата во насока на поддршка на евентуални нивни идеи, планови, активности, за јакнење на врските на матичната земја со дијаспората и воспоставување попродуктивна и поефикасна соработка во иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот