Вежбање по породување: Колку време е потребно за повторно да вежбате?

Повеќе од јасно е дека во првите месеци по породувањето мајките треба да се штедат од физичко изморување.

Гинеколозите и фитнес-инструкторите предупредуваат дека жените, поради преголема желба за поскоро да си ја вратат старата фигура, пребрзо после породувањето се враќаат на вежбањето. Со тоа го изложуваат својот ослабен стомак и карличните мускули на опасност. Затоа предупредуваат жените да почекаат најмалку шест месеци од породувањето пред да почнат да трчаат или интензивно да вежбаат.

Многу жени не сфаќаат колку се опасни последиците, доколку не му дозволат на своето тело да закрепне после породувањето.

Иако физичката активност е генерално добра за човечкото здравје, доколку вежбите се прават на погрешен начин, а посебно во периодот кога телото е ослабнато после породувањето, може да имате повеќе штета отколку корист од него.

Некои жени чувствуваат дека мораат да се ослободат од својот стомак веднаш после породувањето, бидејќи ги гледаат познатите личности на кои тоа им успеало. Поради тоа прават склекови, стомачни и слични вежби, кои можат да влошат одредени состојби кои веќе настанале како последица на бременоста, на пример раздвојување на стомачните мускули. Проблемот е во тоа што кај многу жени нема очигледни симптоми за внатрешните оштетувања од бременоста и породувањето, па тие се чувствуваат подготвени да се ослободат од опуштениот стомак и вишокот килограми.

Но, вистината е дека без разлика на тоа дали бременоста била лесна или тешка, породувањето природно или со царски рез, или пак била користена анестезија, телото на жената во првите неколку месеци не смее да биде многу оптоварено физички.

На новата мајка ѝ се доволни сите оние физички и хормонални промени, а вежбањето може да предизвика дополнителни проблеми, па дури и посериозни нарушувања, кои може да се избегнат само доколку се следи природниот процес на закрепнување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот