Ветување од Бајден: Четири милијарди долари за програмата „Ковакс”

Фото: EPA-EFE/Pete Marovich / POOL

Американскиот претседател Џо Бајден, за време на самитот на Г-7, ќе вети четири милијарди долари за Ковакс програмата за дистрибуција на вакцините против ковид-19, соопшти Белата куќа.

Првата транша од две милијарди долари ќе биде исплатена „многу брзо”, изјави висок американски функционер. Дополнителните две милијарди американски долари ќе се трансферираат во 2021 и во 2022 година.

Со Ковакс програмата се планира да се обезбедат анти-ковид вакцини за 20 проценти од светското население во 2020 година и треба да биде особено корисна за пристап до нив за 92 земји со ниски и средни приходи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот