Ветувал ли Боки 13 случајно слобода или многу лажел? – Слободен печат
ВестиВи ПрепорачувамеХроника

Ветувал ли Боки 13 случајно слобода или многу лажел?

Бојан Јовановски на Орце Камчев на 20.02.2019 му ветува слобода со одлука на Врховен суд. Случајно или не, 14 дена подоцна судот го ослободува.

Снимката објавена во италијанскиот весник на која се гледа како Боки 13 и Зоки Кичеец земаат торба полна со пари од бизнисменот Орце Камчев, не е од извор од Обвинителството, изјави за „Независен“, државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески.

На снимката, меѓудругото, се слуша и разговор меѓу Боки 13 и Камчев. Имено, „правникот“ Јовановски на Камчев му вели изричито и со самодоверба:

– Во понеделник ќе ве ослободат. Вторник најкасно, најверојатно.

Камчев одговара со едно долго „доброоо“, на што Боки му дообјаснува дека ни повеќе ни помалку, Јордан уште не седнат на обвинителна клупа ќе бил ослободен, не од Кривичен, не од Апелација, туку од Врховниот суд на Македонија. Во разговорот Боки 13 ја споменува и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за која тој тврди дека немала да поднесува ни жалби, ни поплаки, а уште помалку правни лекови.

Додека двајцата разговараат, во разговорот, очигледно од „страната“ на Камчев се вмешува и женски глас. На снимката се гледа како Боки и Кичеец ги земаат торбата, во која, според записникот за тоа колку „пачки“ има со банкноти од 50 евра, но и 100, 200 и 500 евра се гледа дека е заведена сума над милион евра.

Ветувањето кое Јовановски му го дава на Камчев е на 20 февруари. Случајно или не, Врховниот суд на Македонија на 4 март, или 14 дена од ветувањето на Јовановски, ги прифати жалбите на осомничените Јордан Камчев, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ, осомничени во „Империја”. Во случајот „Империја”, осомничени се Орце Камчев, Сашо Мијалков и 11 други лица, меѓу другото и за измама и за перење пари.

Исто така, Врховниот суд на 29 март годинава донесе одлука да ја прифати жалбата на екс директорот на УБК Сашо Мијалков, осомничен во истрагата на СЈО „Империја“, и да ја укине мерката куќен притвор, изречена со решение на Апелациониот суд на 28 февруари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

3 Коментари

  1. ЧОВЕЧЕ БОЖЈИ! СИЦИЛИЈАНСКАТА МАФИЈА ТРЕБА ДА УЧИ ОД Б13.КАПАТА ДОЛУ ЧОВЕЧЕ КОГА СИ ПРАВИ ШТО САКА СЕКОЈА ДРЖАВА ИМА МАФИЈА А КАЈ НАС МАФИЈАТА ИМААТ ДРЖАВА ОСТАНАТИТЕ САМО СЛУГИ И ОБИЧНИ СМРТНИЦИ.КАЗНЕТИ ОД СИСТЕМОТ/ДРЖАВАТА/ ПА И ОД ГОСПОДА.
    КО ПРЕЖИВИ ПРИЧА ЌЕ !……………………….

  2. А БЕ ЛУГЕ КОГО БРЛАВАТ КАКВИ ИТАЛИЈАНИ КАКВИ БАКРАЧИ ТОА Е ДОБРО СЦЕНАРИО НА КАМЧЕВ НО ДОБРО Е ОРЦЕ ШТО НЕ ИМ ОРГАНИЗИРАЛ ГРАБЕШ НА УЛИЦА КАКО НА ФИЛМОВИТЕ СТО ПАТИ ГИ УКРАДОА ПОШТИТЕ И БАНКИТЕ КАЈ СЕ РЕЗУЛТАТИТЕ КАЈ СЕ ПАРИТЕ АЛО БРЕ КАЈ ЖИВЕЕТЕ ВО БУРУНДИ? АМА НЕМОЖЕЛ ОД ДОДА МУ КАТА МУ ПУШТИЛЕ ВОДИЧКА А БЕ АЈ НЕ СЕ СЕКИРАЈ ИНАЧЕ МАМЕТО ЌЕ МУ ГИ РАСПЛАЧЕЛ НА ТОА СВИЊАТА Б-13.
    ВО КОЈА ДРЖАВА ВО СВЕТОТ НЕ СЕ ОДГОВАРА И ТОЈ ШТО ДАВА ! ЧИИ ПАРИ СЕ ТОА СЕ РАЗБИРА НАШИ НА НАРОДОТ ОГРАБЕН И ГЛАДЕН.

Напиши одговор на m-r.Slobodan Dimitrovski Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close