Ветувал ли Боки 13 случајно слобода или многу лажел?

Снимката објавена во италијанскиот весник на која се гледа како Боки 13 и Зоки Кичеец земаат торба полна со пари од бизнисменот Орце Камчев, не е од извор од Обвинителството, изјави за „Независен“, државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески.

На снимката, меѓудругото, се слуша и разговор меѓу Боки 13 и Камчев. Имено, „правникот“ Јовановски на Камчев му вели изричито и со самодоверба:

– Во понеделник ќе ве ослободат. Вторник најкасно, најверојатно.

Камчев одговара со едно долго „доброоо“, на што Боки му дообјаснува дека ни повеќе ни помалку, Јордан уште не седнат на обвинителна клупа ќе бил ослободен, не од Кривичен, не од Апелација, туку од Врховниот суд на Македонија. Во разговорот Боки 13 ја споменува и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за која тој тврди дека немала да поднесува ни жалби, ни поплаки, а уште помалку правни лекови.

Прочитајте и...  Шекеринска од Центар Жупа: Инвестициите во инфраструктурата го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните

Додека двајцата разговараат, во разговорот, очигледно од „страната“ на Камчев се вмешува и женски глас. На снимката се гледа како Боки и Кичеец ги земаат торбата, во која, според записникот за тоа колку „пачки“ има со банкноти од 50 евра, но и 100, 200 и 500 евра се гледа дека е заведена сума над милион евра.

Ветувањето кое Јовановски му го дава на Камчев е на 20 февруари. Случајно или не, Врховниот суд на Македонија на 4 март, или 14 дена од ветувањето на Јовановски, ги прифати жалбите на осомничените Јордан Камчев, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ, осомничени во „Империја”. Во случајот „Империја”, осомничени се Орце Камчев, Сашо Мијалков и 11 други лица, меѓу другото и за измама и за перење пари.

Прочитајте и...  Рекорд за сите времиња на Форбс: Богатството на сопственикот на Амазон надмина 180 милијарди долари

Исто така, Врховниот суд на 29 март годинава донесе одлука да ја прифати жалбата на екс директорот на УБК Сашо Мијалков, осомничен во истрагата на СЈО „Империја“, и да ја укине мерката куќен притвор, изречена со решение на Апелациониот суд на 28 февруари.

Прочитај повеќе

Расте бројот на заразени со коронавирусот во Свети Николе

Слободен печат

Николовски од Кочани: За шест години ќе го затвориме преговарачкиот процес со ЕУ, а европското право ќе се преведе на македонски јазик

Слободен печат

Стојаноска: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе издвојува денар за спортот и денар за културата од акцизите за горива

Слободен печат

Ангеловска со отчет за сработеното (ВИДЕО)

Слободен печат

Дискотеките и баровите во Бугарија ќе работат само на отворено, забранети свадби и крштевки

Слободен печат

Уште еден авио гигант „потклекна“ пред кризата: „United Airlines“ отпушта 36 илјади вработени

Слободен печат

3 comments

m-r.Slobodan Dimitrovski 09/08/2019 - 09:11 at 09:11

ЧОВЕЧЕ БОЖЈИ! СИЦИЛИЈАНСКАТА МАФИЈА ТРЕБА ДА УЧИ ОД Б13.КАПАТА ДОЛУ ЧОВЕЧЕ КОГА СИ ПРАВИ ШТО САКА СЕКОЈА ДРЖАВА ИМА МАФИЈА А КАЈ НАС МАФИЈАТА ИМААТ ДРЖАВА ОСТАНАТИТЕ САМО СЛУГИ И ОБИЧНИ СМРТНИЦИ.КАЗНЕТИ ОД СИСТЕМОТ/ДРЖАВАТА/ ПА И ОД ГОСПОДА.
КО ПРЕЖИВИ ПРИЧА ЌЕ !……………………….

Reply
VASKO 09/08/2019 - 09:17 at 09:17

А БЕ ЛУГЕ КОГО БРЛАВАТ КАКВИ ИТАЛИЈАНИ КАКВИ БАКРАЧИ ТОА Е ДОБРО СЦЕНАРИО НА КАМЧЕВ НО ДОБРО Е ОРЦЕ ШТО НЕ ИМ ОРГАНИЗИРАЛ ГРАБЕШ НА УЛИЦА КАКО НА ФИЛМОВИТЕ СТО ПАТИ ГИ УКРАДОА ПОШТИТЕ И БАНКИТЕ КАЈ СЕ РЕЗУЛТАТИТЕ КАЈ СЕ ПАРИТЕ АЛО БРЕ КАЈ ЖИВЕЕТЕ ВО БУРУНДИ? АМА НЕМОЖЕЛ ОД ДОДА МУ КАТА МУ ПУШТИЛЕ ВОДИЧКА А БЕ АЈ НЕ СЕ СЕКИРАЈ ИНАЧЕ МАМЕТО ЌЕ МУ ГИ РАСПЛАЧЕЛ НА ТОА СВИЊАТА Б-13.
ВО КОЈА ДРЖАВА ВО СВЕТОТ НЕ СЕ ОДГОВАРА И ТОЈ ШТО ДАВА ! ЧИИ ПАРИ СЕ ТОА СЕ РАЗБИРА НАШИ НА НАРОДОТ ОГРАБЕН И ГЛАДЕН.

Reply
RADIVOJE 09/08/2019 - 09:19 at 09:19

КАКОВ НАРОД ТАКВА ДРЖАВА ШТО ТУКА НЕ ВИ Е ЈАСНО?……………………………

Reply

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Филипче: Болниците имаат доволен капацитет, продолжуваме со пристапот на дијагностицирање и асимптоматски ностители

Слободен печат

Скопје го доби првиот кафе бар каде се служи со знаковен јазик

Слободен печат

За гласање пријавени 697 позитивни на Ковид-19 и лица во самоизолација и 9020 немоќни и хронично болни

Слободен печат

Реакција на Николоски по двете аудио снимки: Јас едно зборувам тие друго спинуваат

Слободен печат

„Да не го давиме Белград“: Режимот се обиде да манипулира со гневот на демонстрантите со вметнување на провокатори

Слободен печат

Боки 13 пријавил 40 функционери и бизнисмени

Горан Наумовски