Ветувачка група за фудбалските надежи

Нашата селекција пласманот меѓу репрезентациите кои ќе играат во Елитната фаза ќе го бара на квалификациски турнир во Чешка од 7. До 10. Октомври 2020 година.
Селекторот на македонската репрезентација до 19 години (генерација 2002.), Шкумбин Арслани смета дека имаме реални шанси да обезбедиме едно од првите две места во групата.

– Групата во која се наоѓаме не е најтешка, но ниту наивна. Противниците се доста сериозни и навистина треба добро да се подготвиме доколку сакаме да минеме во Елитна фаза квалификации. Имаме доста време за анализа и подготовка, а за мене е значајно ние да бидеме максимално подготвени и во полн состав. Данска е фаворит, Чешка игра на домашен терен, но за нас тоа не менува премногу. Ќе ја бараме својата шанса, а целта е да бидеме меѓу двете најдобри репрезентации кои ќе обезбедат место во следната фаза за Европско првенство, изјави Шкумбин Арслани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот