Ветингот во судството е неопходен за Пендаровски

Фото: Профимедиа

Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва во интервју на Отворено на ТВ 24 изјави дека е потребен ветинг во судството, а тоа го направиле неколку европски држави во деведесетите години.

– Ветингот е неопходен, за жал не го направивме години наназад, иако многу посткомунистички држави Чешка, Полска, Словачка, направија некои видови од овој ветинг во раните 90 – ти и ги  отстранија и шпионите и криминалните структури, рече Пендаровски.

Постои ветинг кој би се однесувал за судии и за обвинители и таму, подвлече тој, би се однесувал пред се евентуално на несразмерно зголемување на имотот додека се избрани судии и обвинители.

– Постојат три типа на ветинг, а јас сум за сите типови на ветинг, особено за оние кои ќе проверуваат дали имотот несразмерно се зголемил откако сте на функција и не само на крајот после четири или пет години да проверуваат. Тоа да биде ненајавено проверување. Во принцип сум за- рече шефот на државата Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот