Ветинг или метла што ќе биде, Заев и Ахмети седнуваат на маса

Фото: МИА

Реконструкцијата на Владата и кадровските промени во другите државни институции ќе биде главната тема на која денеска ќе разговараат премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Средбата е закажана за 16 часот, а ќе се одржи во Владата.

Заев денеска рече дека терминот „метла” за кој ДУИ се налути, бил само симболичен.

– Ќе бидат сменети оние кои биле арогантни и кои не ги исполниле целите. Зборуваме за личности, не за политички партии. Оние кои што покажаа слабост ќе бидат сменети – изјави премиерот Заев.

Toj најави дека до крајот на месецот односно почетокот на наредниот ќе се знае кои министри, заменици и директори ќе бидат променети.

Ахмети бара сите функцинери да поминат низ процес на ветинг, за да се провери како го стекнале имотот, но за да се изврши контрола на нивната личност. Според Ахмети преку овој систем на проверка ќе се спречат напади врз функцинерите и ширење на лажни вести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот