Ветеринар советува: Бањата не е сигурно место за вашите кучиња

Сите знаеме дека постојат повеќе опасности за животните, за кои луѓето мораат да бидат свесни. Тука спаѓа опасноста од јадење одредени растенија, но и јадењето благо. Исто така, ветеринарите советуваат дека е добро милениците да се чуваат подалеку од одредени простории во домот.
Д-р Рејчел Барак сподели низа совети за тоа што треба да се избегнува, вклучително и користење антибиотска маст без надзор на ветеринар.
„Една од состојките во популарните антибиотски масти е неомицинот, кој е поврзан со губење на слухот“, рече таа.
Ветеринарката, исто така, вели дека е паметно да се држат кучињата надвор од бањата, без разлика колку се љубопитни.
„Капакот на тоалетот треба секогаш да ви биде спуштен, бидејќи тоалетната школка не содржи чиста вода што е соодветна за пиење. Покрај тоа, во бањите има производи за чистење и производи за лична хигиена, кои можат да бидат токсични за кучињата“, додаде таа.
Исто така, имајте на ум дека алкохолот е исклучително опасен за кучињата бидејќи неговото консумирање „влијае врз нервниот систем на кучето, што може да доведе до сериозни симптоми, вклучувајќи хипотермија, дијареја и повраќање“.
„Никогаш не им давајте алкохол на милениците, кој го депримира нервниот систем“, вели Барак.