Ветераните на ОВК со иницијатива за затворање на Меѓународниот суд за Косово

epa08536465 A Kosovo War veteran wears a face mask showing the logo of Kosovo Liberation Army (KLA) during a protest in Pristina, Kosovo, 09 July 2020. Kosovo war veterans protested against the Specialist Prosecutor's Office (SPO) Indictments for the Court's consideration, charging Kosovo President Thaci and other former KLA fighters with a range of crimes against humanity and war crimes, including murder, enforced disappearance of persons, persecution, and torture. EPA-EFE/STR

Тачи и Весели се осомничени дека се виновни, меѓу другото, за убиство на над 100 цивили од разни националности за време и непосредно по војната во 1998-99 година.

Потпретседателот на Организацијата на воени ветерани на Ослободителната војска на Косово (ОВВ-ОВК), Насим Харадинај најави дека поранешните борци идниот месец ќе ги започнат активностите за затворање на Специјалниот суд за воени злосторства во Косово, чие седиште е во Хаг, јави дописникот на МИА од Приштина.

Харадинај во синоќешното интервју за телевизијата Т7 изјави дека за таа цел ОВВ-ОВК во август ќе организира петиција, која ќе ја достави до Собранието на Косовосо чија одлука пред пет години беше формиран Меѓународниот трибунал, познат во јавноста како „Суд за ОВК”.

– По петицијата, во август ќе ги повикаме пратениците, за кои верувам дека сега се опаметиле, за да го иницираме поништувањето на Специјалниот суд. Ќе покренеме иницијатива за затворање на тој суд, не еднаш, туку сто пати ако треба, изјави Харадинај.

Пред Специјалните совети за Косово, како што е официјалниот назив на судот што треба да ги испита евентуалните злосторства на ОВК против цивилите Албанци, Срби, Роми и други во последната војна, неодамна беше подигнато обвинение против претседателот на Косово, еден од основачите и водачите на ОВК, Хашим Тачи, кој од завчера се наоѓа на распит пред специјалното обвинителство во Хаг.

Освен против претседателот на државата, обвиненија се подигнати и против лидерот на Демократската партија на Косово (ПДК) и поранешен собраниски спикер, Кадри Весели, како и против други водачи на ОВК. Тие се осомничени дека се виновни, меѓу другото, за убиство на над 100 цивили од разни националности за време и непосредно по војната во 1998-99 година.

Тачи најави дека ќе поднесе оставка од претседателската функција доколку биде потврдено обвинението против него. Пред една година, откако беше повикан на интервју во обвинителството во Хаг, оставка од функцијата поднесе тогашниот премиер Рамуш Харадинај, исто така еден од челниците на ОВК

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот