Утрово најстудено во Берово, најтопло во Дојран

Утрово е најстудено во Берово, каде се измерени -2 степени Целзиусови, а најтопло во Дојран со измерени 10 степени, информираат од УХМР.

Во 7 часот се измерени 2 степени во Тетово, Маврови Анови, Лазарополе и Битола, 3 во Скопје-Петровец, и Крива Паланка, 4 во Прилеп, Штип и Попова Шапка, 5 во Струмица, Демир Капија, Охрид, Претор, Крушево и Куманово, 6 во Скопје-Зајчев Рид и Виница, 7 во Гевгелија и 10 во Дојран.

Денеска претпладне ќе има магла или ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 20 степени.

Во Скопје претпладне ќе има појава на магла, преку денот ќе биде ончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне 17 степени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот