Телата на Калина и Александар донесени во Македонија, ќе бидат погребани во...

Телата на Калина и Александар донесени во Македонија, ќе бидат погребани во четврток

4474
SHARE

Денеска од болницата во Воден телата на загинатите Калина Велевска и Александар Миновски беа донесени во Македонија.

Откако телата беа извлечени од снегот на Кајмакчалан, беа пренесени во болница каде била извршена обдукција.

Несреќно загинатите планинари ќе бидат погребани во четврток.

Според неофицијални сознанија, смртта настапила поради премрзнување на ниските температури. Точните информации за нивното одделување од групата, како и за сите околности околу доцнењето со спасувањето и причините за смртта, ќе бидат официјално објавени откако ќе биде затворена истрагата и од страна на грчките власти и кај нас.

Во меѓувреме, револтирани што од планинарското друштво „Трансверзалец“ уште нема официјален став, семејствата на Велевска и Миновски се обратија до Планинарскиот сојуз, со сомнеж дека турата била организирана непрофесионално, наведувајќи дека за несреќата дознале од порталите и социјалните мрежи.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY