СЈО: Бараме преведувачки услуги, не нудиме вработување

СЈО: Бараме преведувачки услуги, не нудиме вработување

223
SHARE
Фото Борче Поповски

Вчера се крена голема врева во јавноста поради тендерот распишан од Специјалното Јавно Обвинителство во кој бараат едногодишни преведувачки услуги кој би требало да чини 1,2 милиони денари.

Денеска добивме објаснување од СЈО за тендерот.

Од таму велат дека тоа е јавна набавка согласно план за јавни набавки на обвинителството.

– Распишавме оглас за преведувачки услуги, значи тоа не е вработување туку надворешна услуга. Сумата е проценета вредност, а не плата за некого и не значи дека прифатената понуда ќе биде колку што е проценета вредноста за услугата – објаснуваат од Специјалното Јавно Обвинителство.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY