Се урна карпа во Велес кај населбата Долни дуќани, избегната голема трагедија

Се урна карпа во Велес кај населбата Долни дуќани, избегната голема трагедија

325
SHARE
Фото Ване Михајловски/Фејсбук

Карпа која со години висеше над населбата Долни дуќани во Велес, на местото каде реката Тополка се влева во Вардар, утрово се урна и го прекина и патниот и железничкиот сообраќај.

Предупредувањето за опасност за уривање на оваа карпа трае долги години. За среќа, никој не е повреден, но еден велешанец за неколку секунди избегнал животозагрозувачка ситуација.

– Ова беше одамно очекувано но ажурноста на институциите одговорни за безбедност на патишта повторно потфрли. Ако одредени лица од Македонија пат секојдневно контролираат по патиштата вакви трагедии књ бидат избегнати и навремњно патниот правец затворен за сообракај и санација на проблемите. Порано пред 25 години вработени во Македонија пат крстосуваа низ патиштата и демнеа и санираа вакви проблеми по патиштата ширум Македонија – наведува на својот профил на Фејсбук велешанецот Ване Михајловски.

Тој додава дека уште минатата недела на ова место имало мали одрони од ситни камења и дека уривањето можело да се предвиди и спречи.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY