Се отвори „Копче“ – местото кое ги поврзува хуманоста, достоинството, трудот и...

Се отвори „Копче“ – местото кое ги поврзува хуманоста, достоинството, трудот и екологијата

Една поинаква продавница – Подари приказна, облечи среќа, слоган кој ќе не направи горди, бидејќи секој граѓанин кој донира остава парче облека поврзано со некој среќен момент, а сега таа приказна ќе се пренесе во некое друго семејство.

122
SHARE

Се отвори „Копче“, новата приказна во градот и местото каде што отсега ќе може да придонесе во создавањето на хумано и солидарно општество. „Копче“ означува колективна свест, искрени намери и заедничка цел.

„Копче“ е проект кој го разви Црвен крст на Република Македонија – Црвениот крст на град Скопје како резултат на долгогодишно работење во областа на донирањето на облека и дистрибуција на истата до најзагрозените.
На отворањето присуствуваа многу медиуми, пријатели, соработници и поддржувачи на овој проект, кои дадоа свој придонес и имаа можност да подарат или да си одберат парче облека за себе.

„Постојат луѓе кои храбро се борат против неправдата и се залагаат за рамноправност и емпатија. Таквите луѓе и концепти каков што е „Копче“ се најважната клетка во оштеството, а сиромаштијта е една од најголемите причини зошто луѓето се чувствуваат исклучени од него. „Копче“ е новата урбана приказна во градот која ќе ги спои хуманоста, достоинството и трудот. За жал, голем е бројот на граѓани кои добиваат ниски примања за својот труд, а не сакаат милосрдие.

– Отсега во „Копче“ секој ќе може достоинствено да си го купи своето парче облека. Хуманоста е особина, но исто така таа се учи во текот на животот. Ако се водиме според мотото на Ганди – Биди ти промената која сакаш да ја видиш во светот, тогаш ова општество ќе биде посолидарно, поправично и поемпатично“ – го започна обраќањето Ана Јовковска.

„Долго време ја развивавме оваа приказна за денес да изгледа вака. Една поинаква продавница – Подари приказна, облечи среќа, слоган кој ќе не направи горди, бидејќи секој граѓанин кој донира остава парче облека поврзано со некој среќен момент, а сега таа приказна ќе се пренесе во некое друго семејство.
Сите приходи кои ќе се генерираат ќе бидат повторно наменети за одржливост на овој проект и мини работилницата во склоп на „Копче“ и тимот кој ќе се погрижи секое парче облека да изгледа убаво, доколку е потребно да се попави, испере, испегла, а потоа да биде изложено за продажба. Лицата кои се дел од овој проект се луѓе кои сакаат да направат промена во животот и да бидат работно ангажирани, да се чувствуваат корисни давајќи го својот максимум“, изјави Сузана Паунова Тунтевска, Секретар на Црвен крст на град Скопје.

Социјалното претприемништво подразбира соработка помеѓу различни сектори – социјални работници, инвеститори итн. Токму поради тоа, на отворањето на „Копче“, свое излагање имаше и Душан Томшиќ, државен советник во кабинетот на министерката за Труд и социјала кој изрази поддршка за овој значаен проект за социјалното претприемништво.

– „Копче“ е симбол на поврзувањето, а поврзувањето сега како никогаш досега ни е потребно. Поврзувањето на луѓето, на идеите, на сето она што го твориме и капацитетите и потенцијалите кои ги носиме – сето тоа води кон успехот. Неколку години ги градевме капацитетите за да можеме да отвриме „second hand“ продавница. Успешни сме ако сите заедно придонесеме во едно општество – со големо задоволство и среќа се обрати Марина Матеска, стручен соработник за социјално хумана дејност во Црвен крст и им се заблагодари на сите поддржувачи кои несебично се залагаа и се вложуваа за реализацијата на овој проект.

Посетете го и вие „Копче“ и бидете дел од создавањето на хумано и солидарно општество за сите нас.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY