ОЈО Скопје расветлува убиство во Чаир

ОЈО Скопје расветлува убиство во Чаир

127
SHARE

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за обезбедување и прибирање траги од лице место за настанот кој се случи синоќа во скопски Чаир, кога едно лице беше лишено од живот.

Издадена е и Наредба за вршење обдукција на починатата. Обвинителството презема бројни дејствија во насока на утврдување на фактите во предметот и кривичната одговорност на сторителот. Истрагата на Основното јавно обвинителство Скопје продолжува.

Како што претходно беше соопштено, 41-годишна жена од Тетово синоќа починала на пат кон болница од повреда од нож во стомакот што и ја нанел нејзин роднина во Скопје.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY