Напаѓачот на Милевски доби условна казна

Напаѓачот на Милевски доби условна казна

158
SHARE
Фото Слободен печат

Обвинетиот за напад врз пратеникот Горан Милевски денеска признал вина и побарал втора шанса од судот и оштетениот. Милевски, пак, изјавил дека е задоволен од пресудата и од тоа дека случајот е решен уште на првото рочиште.

„Секој има право на втора шанса, но треба да се знае дека насилството не е метод за решавање на проблемите“, рече Милевски. Исто така, тој посочи дека не побарал паричен надомест за нападот и додаде дека случајот е решен на обострано задоволство, наведува Макфакс.

Милевски, кој е прв човек на ЛДП, беше нападнат на градскиот плоштад, а напаѓачот беше идентификуван и пронајден благодарение на фотографија која ја објави МВР.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY