Наместо судење, Груевски ќе има можност утре да ги слуша „бомбите“ за...

Наместо судење, Груевски ќе има можност утре да ги слуша „бомбите“ за Космос

502
SHARE
Фото Борче Поповски

Експремиерот Груевски утре нема да се појави на рочиштето за „ТНТ“, предмет во кој е обвинет, затоа што ќе ги преслушува „бомбите“ од кои произлегол овој случај.

Одбраната на Груевски за Макфакс потврдила дека се договориле со судијата Ставрев да се изврши увид врз доказите.

На минатото рочиште атмосферата во судница се вжешти кога судискиот совет одлучи дека обвинетите нема да ги добијат прислушуваните разговори и СМС-пораките што СЈО ги предложи како доказ. Обвинетите може да ги слушаат бомбите, но само во судот, наведува Макфакс.

Од СЈО во судницата неколкупати потврдиле дека одбраната била повикана да направи увид во доказите, но тие не се појавиле, со изговор дека снимките се незаконски.

Обвинетите во овој предмет се изјаснија за невини веќе неколкупати. Од страна на СЈО тие се товарат дека сториле кривично дело мотивирано од политичка омраза, уривајќи го комплексот „Космос“ во сопственост на Фијат Цаноски. Минатата година, Апелациониот суд одобри „бомбите“ да се користат како докази во судскиот процес.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY