На критичната точка на улица „Борис Сарафов“ ќе биде поставен семафор

На критичната точка на улица „Борис Сарафов“ ќе биде поставен семафор

65
SHARE

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, по вчерашниот немил настан, најави дека на критичниот премин кај училиштето „Мирче Ацев“ ќе биде поставен семафор.

„Како градоначалник, жител на општината, и родител изразувам големо жалење за незгодата при што повредено е дете кое е наш сограѓанин. Посакувам што побрзо да закрепне, и се надевам дека по решавање на сообраќајниот проблем, никогаш повеќе во мојата општина, на тоа место, нема да се повтори ваков немил настан, кој за жал се повторува. Во повеќе наврати, заедно со релевантните засегнати страни, но и невладини организации кои работат на проблематиката, како општина инициравме средби на оваа тема, а дебатиравме за можни решенија токму пред неколку дена во мојот Кабинет.

Сега, повикувам пред се на свесност и совесност кај возачите кои сообраќаат по таа улица, особено затоа што во тој дел од Ѓорче Петров, поради училиштето, во најголем број се движат деца, но и на разумност кај родителите и смирување на тензиите поврзани со овој настан. Исто како и тие, и јас очекувам преку конкретен проект, конечно решавање на проблемот“, се вели во обраќањето на Наумоски.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY